почетна

Latest Post

Владо Жабот – Волчи ноќи

Неодамна, во издание на издавачката куќа „Слово“ од Скопје, излезе од печат романот „Волчи ноќи“ од словенечкиот романсиер и раскажувач Владо Жабот. Книгата е дел од проектот „100 словенски романи“ којшто, преку Форумот насловенските култури, го поддржуваат тринаесет словенски земји.

volci noki, koricaВладо Жабот (1958), спаѓа во редот на најзначајните словенечки писатели, чии дела се објавуваат и се преобјавуваат и на светските јазици. За него се вели дека во својата уметност не се раководи од модните насоки. Тој е свој по јазикот и стилот и ред сe по светот што го донесува неговата проза, свет само привидно реалистичен. Тоа е свет од конкретно тло, но во прозата на Жабот, тој свет станува фантасмагоричен, со физиономија блиска на она што го нарекуваме магичен реализам. Таквите елементи се присутни и во романот „Волчи ноќи“. Романот е во превод на  д-р Лидија Аризанковска, професор по словенечки јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.