читаш...
Архива

Мурасаки Шикибу – Приказната за Генџи

Неодамна, во издание на Издавачката куќа „Слово“ од Скопје, се појави славниот древен јапонски роман Приказната за Генџи од Мурасаки Шикибу. Тоа е прв јапонски, ако не и светски роман, од XI век, преведуван на многу јазици и читан од милионска публика. Јапонскиот нобеловец Јасунари Кавабата го смета овој роман за “врв на јапонската книжевност“. Во својата оценка тој го додава следното: „Ние до денес немаме дело кое би можело да се мери со таа приказна“,  укажувајќи на внатрешната структура на тоа дело и на силината со која се оцртуваат ликовите. И Маргерит Јурсенар, големата француска писателка, дели слично мислење. „Никој не успеал да напише нешто подобро ни во една книжевност“, беше изјавила Јурсенар.

Image

Макар што е создаден во древната Јапонија, романот Приказната за Генџи се смета за прв модерен психлошки роман во светот. Иако основната тема е љубовниот живот на принцот, писателката Мурасаки Шикибу сликовито го претставува животот и менталитетот на општеството во јапонската престолнина на тоа време, денешното Кјото, посветувајќи внимание на чувствата на ликовите и на психолошките нијанси во нивните односи. Ликот на Генџи не е историски, иако веројатно е моделиран според вистинска личност. Тој претставува естетски идеал на дворскиот човек: убав, образован и префинет, врвен познавач на литературата, на уметноста, на калиграфијата и на музиката, љубовник по кој лудуваат дворските дами.

Advertisements

About slovopublishing

Книгоиздателство специјализирано за: филозофија, нобеловци, историја, еминентни мк и странски автори и друга квалитетна литература. Концепт на издавачката куќа СЛОВО од Скопје е во рамки на своите едиции дa издaвa сaмо вредни делa, не се ориентира кон тaкaнaречените комерцијaлни изданија и не се повинува на трендовите на мaсовнaта културa. Во нејзината едицијa под име ЛОГОС стaнувa збор зa делa од филозофската, социолошката и aнтрополошкaта проблемaтикa, почнувaјќи од Aристотел,па се’ до Дејвид Хјум, Карл Попер, Ернест Гелнер, Мишел Фуко, Вирџинијa Вулф и Мирчa Елијaде. СЛОВО е единствената издавачка куќа во Македонија, која поседува специјализирана едиција за наслови од добитниците на Нобеловата награда за литература, а во неа досега се вклучени автори како: Харолд Пинтер, Елфриде Јелинек, Ѓао Синѓан, Џон Куци, Имре Кертес и други добитници на оваа најпрестижна литературна награда. СЛОВО објaвувa и делa од областа на историската наука. Тукa се моногрaфиите зa Визaнтискиот комонвелт, зa Осмaнскaтa империјa, историјата на Ромите и други, вклучително и патеписите за Македонија од Евлијa Челеби, нaјголемиот осмaнски пaтописец. Друго поле нa кое СЛОВО посебно рaботи е ромaнот кaко жaнр – мaкедонскиот и светскиот ромaн. Покрај еминентните македонски автори како Коле Чашуле, Данило Коцевски и Слободан Мицковиќ, присутни се и квалитетни млaди мaкедонски ромaнсиери. Во тие рамки е и Aнтологијaтa нa светскиот крaток ромaн, со којa нa помлaдите генерaции сaкaме дa им ги посочиме големите светски имињa нa овој жaнр: Хемингвеј, Ками, Булгаков, Маркес, Мишима и други. Засебна едицијa е посветенa нa двојaзично претстaвувaње нa сценски делa од мaкедонски aвтори, во неа спаѓаат сценaријaтa за познатите филмови „Пред дождот“ и „Прaшинa“ од Милчо Мaнчевски, потоa и драмски дела од Јордан Плевнеш, Томислaв Осмaнли и др. Издавачката куќа СЛОВО повеќе години по ред учествува и на скопскиот Саем на книга. Нејзините изданија можат да се најдат скоро во сите позначајни книжарници во Скопје и низ државата.

Discussion

No comments yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

календар

December 2013
M T W T F S S
« Apr   Dec »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
Advertisements
%d bloggers like this: