читаш...
Архива

Зигмунт Бауман – Флуидна љубов

Неодамна, во познатата едиција Логос, во која се објавуваат дела од сферата на хуманистиката, издавачката куќа „Слово“ од Скопје, ја објави студијата „Флуидна љубов: за трошноста на човековите врски“ од Зигмунт Бауман, еден од најзначајните автори во областа на социјалната теорија денес. Тој е автор на голем број студиии, меѓу кои оние за флуидноста на врските во модерното доба, како што е оваа книга, за флуидните времиња во кои живееме, потоа за модерноста и Холокаустот, како и за постмодерниот консумеризам. Бауман е од полско потекло, роден е во Познањ, во еврејско семејство, во 1925 година. Во 1971 година заминува во Англија и е професор по социологија на Универзитетот во Лидс.

bauman

Книгата „Флуидна љубов: за трошноста на човековите врски“ е преведена на повеќе јазици во светот. Застрашувачката трошност и непостојаност на човековите врски, чувството на несигурност што го предизвикува тоа, спротивставените желби кои го поттикнуваат тоа чувство, желбата тие врски да се зацврстат, а сепак да останат лабави, е тоа што оваа книга сака да го разреши, да го забележи и да го сфати.

Главниот јунак на оваа книга се човековите врски. Централните ликови се мажи и жени, наши современици, кои очајуваат затоа што се препуштени на себеси, кои чувствуваат дека лесно би можеле да бидат отфрлени, жеднеејќи за сигурноста на заедништвото и за подадена рака на која би можеле да сметаат во очајот, и очајнички сакајќи да стапат во врска, а сепак се плашат од состојбата на „поврзаност“ и, особено, од состојбата на трајна поврзаност, да не кажеме поврзаност засекогаш, бидејќи стравуваат дека таквата состојба би можела да претставува товар и да предизвика напори што тие ниту можат, ниту сакаат да ги поднесат, и така да им ја ограничат слободата која им е потребна за да се во врска…

Во флуидното модерно животно окржување, човековите врски се можеби најчестите, најакутните, највпечатливите и најпроблематичните отелотворенија на амбивалентност.

Advertisements

About slovopublishing

Книгоиздателство специјализирано за: филозофија, нобеловци, историја, еминентни мк и странски автори и друга квалитетна литература. Концепт на издавачката куќа СЛОВО од Скопје е во рамки на своите едиции дa издaвa сaмо вредни делa, не се ориентира кон тaкaнaречените комерцијaлни изданија и не се повинува на трендовите на мaсовнaта културa. Во нејзината едицијa под име ЛОГОС стaнувa збор зa делa од филозофската, социолошката и aнтрополошкaта проблемaтикa, почнувaјќи од Aристотел,па се’ до Дејвид Хјум, Карл Попер, Ернест Гелнер, Мишел Фуко, Вирџинијa Вулф и Мирчa Елијaде. СЛОВО е единствената издавачка куќа во Македонија, која поседува специјализирана едиција за наслови од добитниците на Нобеловата награда за литература, а во неа досега се вклучени автори како: Харолд Пинтер, Елфриде Јелинек, Ѓао Синѓан, Џон Куци, Имре Кертес и други добитници на оваа најпрестижна литературна награда. СЛОВО објaвувa и делa од областа на историската наука. Тукa се моногрaфиите зa Визaнтискиот комонвелт, зa Осмaнскaтa империјa, историјата на Ромите и други, вклучително и патеписите за Македонија од Евлијa Челеби, нaјголемиот осмaнски пaтописец. Друго поле нa кое СЛОВО посебно рaботи е ромaнот кaко жaнр – мaкедонскиот и светскиот ромaн. Покрај еминентните македонски автори како Коле Чашуле, Данило Коцевски и Слободан Мицковиќ, присутни се и квалитетни млaди мaкедонски ромaнсиери. Во тие рамки е и Aнтологијaтa нa светскиот крaток ромaн, со којa нa помлaдите генерaции сaкaме дa им ги посочиме големите светски имињa нa овој жaнр: Хемингвеј, Ками, Булгаков, Маркес, Мишима и други. Засебна едицијa е посветенa нa двојaзично претстaвувaње нa сценски делa од мaкедонски aвтори, во неа спаѓаат сценaријaтa за познатите филмови „Пред дождот“ и „Прaшинa“ од Милчо Мaнчевски, потоa и драмски дела од Јордан Плевнеш, Томислaв Осмaнли и др. Издавачката куќа СЛОВО повеќе години по ред учествува и на скопскиот Саем на книга. Нејзините изданија можат да се најдат скоро во сите позначајни книжарници во Скопје и низ државата.

Discussion

No comments yet.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s

календар

December 2013
M T W T F S S
« Apr   Dec »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
Advertisements
%d bloggers like this: